Ковид19 Свет Топ вести

Нов рекорд на дневно ниво- 300.000 заболени во светот

Светската здравствена организација известува за најголем дневен пораст на заболени од Ковид – 19 од почетокот на пандемијата. Во изминатите 24 часа регистирани се повеќе од 294.000 позитивни, што е за 2.000 повеќе од претходниот рекорд, поставен на 31 јули.

Меѓутоа иако вирусот е регистиран во 188 земји, речиси половина од сите пријавени случаи се само од три: САД, Бразил и Индија.

Според СЗО, забележано е и дека голем дел од заразените луѓе не се пријавуваат во статистиката, а има и земји каде тестовите воопшто не се спроведуваат.

После 102 дена без новозаболени Нов Зеланд повторно се најде на списокот земји со увезен случај на лице од Окленд кое се вратило од странство. 12 од 13-те заболени се од ист извор. Во градот е воведено трето ниво на предпредување во траење од две недели. Кафиќите и продавниците се затворени, а од луѓето се бара да останат дома.

-Значи, 13-те нови потврдени случаи кои ќе ги пријавиме денеска ќе не донесат до вкупниот број потврдени случаи 1.271. Вкупниот број на активни случаи е 69, од кои 49 од епидемиолошки кластер, а уште 20 се увезени случаи кои се сместени во карантин, рече Ешли Блумфилд, главен директор за здравство на Нов Зеланд.

 

Неколку земји ширум Европа веќе пријавија зголемен број на случаи. Шпанија, една меѓу најпогодените земји, повторно се приближува до критичната точка. Франција, која бележи зголемена смртност во март и април, и порај заострените мерки има пораст на заболени- 3.000 за 24 часа. Бројот на новозаразени во Италија денеска ја помина бројката од 600, што е највисок дневен билан во последните три месеци. Угостителите, кои бројат загуби со оценка, ќе ни бидат потребни пет години за да се опоравиме од оваа криза.

-Летната сезона е изгубена. Зборуваме за град кој прима (годишно) 19 милиони туристи. Туризмот во градот опадна за 97%. Хотелите се затворени. Некогаш велеа дека туристичкиот сектор сочинува 13% од БДП. Мислам дека ова ќе покаже дека процентот е многу поголем. Ова беше многутешка сезона. Оваа година е тотална загуба. Го очекувавме тоа кога започна сето ова. Правиме проценки дека ќе бидат потребни пет години за закрепнување после пандемијата, Рамон Мас, претседател на Унијата на бизнисмени во Барселона.

160.000 Британци од Франција итаат кон дома трошејќи пари за пребукирање на летовите за да го избегнат најавениот задолжителен карантин.

Алжир за првпат после пет месеци денеска ги отвори џамиите, кафулињата, плажите и парковите. Алжир е една од државите што го задржа ограничувањето на движење најдолг временски период, но полицискиот час ќе остане на сила во повеќе од половина од државата.

Според податоците на сајтот Борлддометар во светот од почетокот на пандемијата досега починаа повеќе од 769.000 луѓе. Во моментов активни се над 6,5 милиони случаи.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе