Ковид19 Македонија Најважни

Нови 139 случаи на ковид-19, во Скопје – 30

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од: Скопје-132, Куманово-22, Дебар-8,  Штип-14, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1, Битола-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Кочани-3, Демир Хисар-4, Делчево-3, Свети Николе-23, Кичево-6, Неготино-1.

Починат е пациент од Охрид (66г.) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12217,  бројката на оздравени пациенти е 8487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3200. Денес се евидентираат пет контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 5239, активни 1057
  • Куманово 1193, активни 264
  • Дебар 221, активни 122
  • Штип 1002, активни 342
  • Прилеп 347, активни 35
  • Тетово 1103, активни 173
  • Струга 493, активни 159
  • Велес 238, активни 25
  • Битола 171, активни 71
  • Охрид 304, активни 77
  • Кавадарци 134, активни 102
  • Гостивар 606, активни 304
  • Гевгелија 26, активни 15 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
  • Струмица 43, активни 27
  • Крива Паланка 28, активни 14
  • Радовиш 36, активни 11
  • Крушево 16, активни 3
  • Кочани 120, активни 28
  • Пробиштип 64, активни 18
  • Демир Хисар 49, активни 31
  • Македонски Брод 57, активни 44
  • Пехчево 6, активни 0
  • Берово 10, активни 6
  • Валандово 7, активни 1
  • Виница 35, активни 31
  • Делчево 6, активни 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 15, активни 3
  • Свети Николе 250, активни 86
  • Кичево 220, активни 128
  • Ресен 146, активни 11
  • Неготино 32, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1627 теста се преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-30, Авицена-174, Биотек-167, МАНУ -132, Жан Митрев (Филип Втори)-161, Систина со PCR метода -175, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-15, ГАК-14. Досега во земјата се направени вкупно 119102 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 6 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 137 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 152
  • Аеродром – 132
  • Бутел – 65
  • Гази Баба – 103
  • Центар – 98
  • Карпош – 108
  • Сарај – 44
  • Кисела Вода – 96
  • Ѓорче Петров – 73
  • Студеничани – 35
  • Шуто Оризари – 81
  • Арачиново – 19
  • Илинден – 17
  • Петровец – 8
  • Чучер Сандево – 8
  • Сопиште – 10
  • Зелениково- 5
  • Странец – 3
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прва смена меѓу кадрите на претседателот – Силјановска го разреши Муслиу, директорот на Разузнавање тврди дека тргнала партиски, а не законски

Дејан Дејан

Секаде каде што мора, ќе го почитуваме уставното име, но никој не може да ви забрани да ја нарекувате државата како што сте учеле – Димитриевски во „Топ тема“

Дејан Дејан

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе