Ковид19 Македонија Топ вести

Продолжениот викенд во Охрид ги дава првите заболени

Млади од повеќе градови од државата кои се на одмор во Охрид минатата недела пројавиле симптоми ја коронавирусот и веднаш биле испратени назад кај своите семејства и кај матичните лекари и епидемиолози за тестерање. Иако точна бројка сеуште не може да се прецизира според надлежните повеќе од јасно е дека станува збор за млади кои биле во Охрид за време на продолжениот викенд и присуствувале на големиот број на забави на кои воопшто не се внимаваше на препораките.

Од Охридскиот центар за јавно здравје потврдуваат дека последните неколку дена добиле повици од родители на деца и млади од различни градови, кои во тој момент биле во Охрид на одмор а кај кои се јавиле благи симтпоми на вирусот

Точков вели дека состојбата во Охрид е стабилна барем кога станува збор за локалното население и дека бројките на новозаболени на дневна база се едноцифрени но додава дека наредните неколку дена ќе покажат дали и колку вирусот се проширил во Охрид и кај туристите кои беа за време на продолжениот викенд.

Од Охридската болница пак велат дека во моментов се хоспитализирани 11 лица позитивни на Ковид-19 и 11 сомнителни чии резултати од тестирањата се чекаат. Двајца од хоспитализираните се од Скопје.

Балевски вели дека болницата е подготвена за евентуално зголемување на бројот на хоспитализирани лица и дека се врши ротација на персоналот за да не дојде до оптеретување и замор.

Десетици илјади луѓе од целата држава го поминаа продолжениот викенд за време на Илинденскиот празници во Охрид. Плажите, кафулињата, рестораните, па дури и шеталиштата и кејот беа преполни со луѓе. Речиси никој не ги почитуваше мерките и препораките, не се носеа заштитни маски ниту пак имаше дистанцирање а во тоа предничеа тинејџерите и младите.

Пазарниот инспекторат и инспекторатот за труд минатата недела казнија десет правни лица со по 7.000 евра бидејќи поставиле опрема и шанкови без дозвола.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Дејан Дејан

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Граѓаните кои се во неповолна финансиска положба имаат право на бесплатна правна помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе