Вести Македонија Топ вести

Неизвесна изградбата на Клиничката болница во Штип

Не се знае кога ќе продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип бидејќи е блокирана сметката на подизведувачот Грчката фирма „Интракат“. Основниот суд во Штип уште во февруари донел решение за наплата на долг за извршени градежни работи и фактури за градежниот материјал. Побарувањето било од страна на Бетон Штип кој е изведувач во проектот за болницата. Оваа информација за Телма ја потврдуваат од штипскиот суд од каде велат дека било донесено решение за наплата на околу 2 милиони евра а рокот за жалба бил 8 денови.

Сепак адвокатите на Интракат не се жалеле велат од судот. Со ова е направен налог за извршување што станал правосилен на почетокот на август, поради тоа што извршителите во време на корона кризата не ги извршуваа ваквите налози. И извршителот Николчо Саздов преку кој е пуштено решението ја потврдува оваа информација.

Телма се обиде да контактира со еден од адвокатите на грчката фирма но не одговараше ниту на смс ниту на телефонските повици. Од Бетон пак испратија соопштение во кое велат дека се работи за целосно основано побарување, а решението било испратено до двете компании.

Се работи за обврски на Интракат кој како изведувач на проектот Клиничка болница Штип ги имаше кон Бетон Штип како негов подизведувач, а кои иако Интракат ги наплати во целост сите тие извршени работи од инвеститорот Министерство за здравство не ги исплати парите на Бетон Штип согласно договорот, туку напротив, неосновано го раскина договорот за подизведување, што директно како последица предизвика активирање на банкарски гаранции и блокади, па следуваше и отварање на стечај над Бетон Штип и отпуштање на повеке од 400 работници, соопштија од  ГТД Бетон Штип АД Штип

 Во март 2016 беше удрен камен темелникот на болницата во Штип во која беше предвидено да се лекуваат околу 200 000 пациенти. Првичната пресметка беше дека ќе чини 30 милиони евра. Сега со новонастанатата ситуација е запознаено и министерството за здравство но велат дека поради тоа што ја добиле информацијата во петокот повеќе детали ќе имаат од почетокот на следната недела. Инаку изградбата на болницата велат во последно време е забрзана и веќе има видливи промени на фасадата од зградата.

 

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе