Вести Македонија Топ вести

Нијас Кaтановски: Кога државата и семејството ќе те доведат до питачки стап

Многумина го препознаваат од крстосницата во автокоманда, но малкумина знаат дека Нијас Китаноски 17 години питачи за да се прехрани, плати закупнина, сам да се издржува и сам да се образува со парите собрани од милостината на возачите.  Роден и израснат во Кичево заради семејни проблеми го напушта домот и како помлад малолетник на 10 годишна возраст  без никаква помош и грижа расте на скопските улици. Го минува последниот викенд со покрив над глава. Од понеделник е принуден да си замине од тесната подрумска соба преполна со влага, бидејќи не може со питачење да собере доволно пари за закупнината, храната и сите трошоци за живот.

Завршил средно техничко училиште во Скопје, сака да студира. Неговото здравје е кревко и не може да ги прифати работните позиции каде што се бара физичка сила. Се надева на понуда за работа, бидејќи во тоа го гледа единствениот спас да се тргне од улиците.

За помош до државата се обратил само еднаш.

Китаноски не сака социјална помош. Сака достоинствена работа и покрив над глава како социјално ранлива категорија со закупнина која ќе може финансиски да ја издржи. Зад ведрото лице, насмевката на Китаноски и убавите зборови на социјалните мрежи се крие исплашено момче кое се надева дека бргу ќе стаса понудена рака за помош од институциите и граѓаните.

телефон за контакт на Катановски 075 848 059

 

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Нема докази дека приведените се сторители на убиството во Железара – готови се вештачењата од Судска медицина

Desk

Наместо забрана за работа, пломби и глоба од 1.000 до 20.000 евра за диви менувачници, им прогледале низ прсти за 80 евра – кривична за шест пазаришни инспектори

Дејан Дејан

Италија и се приклучи на Грција во чување на македонското небо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе