Свет Топ вести

Додека спасувачките операции траат, Либанците бараат одговорност од владата

Три денови по експлозијата полицијата со солзавец ги спречуваше демонстрантите да стигнат до владата, за која сметаат дека со нејзината неспособност и негрижа ја предизвикала катастрофата на пристаништето во Бејрут.

Изгубивме се, се е уништено. Се онесвестивме од експлозијата, но звукот не се опишува. Господ да ги казни во овој живот и по смртта. Благодарни сме му што сме живи, но изгубивме се. Ја изгубивме куќата и колата, се изгубивме, вели Мона Ал Чами која живее во Бејрут.

Земјата веќе беше во економска криза уште пред пандемијата на коронавирусот со речиси секојдневни антивладини протести кои траеја со месеци. Уништувањето на најголемото пристаниште во земјата, преку кое се увезуваат речиси 80 проценти од прехранбените продукти, се заканува целосно да го уништи кревкиот социјален мир. Своето мислење за владата и состојбата на земјата, Либанците го искажаа и за време на посетата на Макрон чија земја беше меѓу првите што испрати помош.

Народот бара од Франција и европските влади да му помогнат на Либан а не на владата. Владата не работи за интересите на народот, тоа е очигледно, вели пензионираниот армиски офицер Џорџ Надер.

Бројот на загинати во експлозиајта се приближува до 150 лица, речиси 5.000 беа повредени а исчезнати се десетици лица. Спасувачките тимови се уште ги пребаруваат рушевините во потрага по преживеани, иако надежта брзо се намалува.

Не можам да ги проценам шансите, можам само да кажам дека се уште се надеваме да пронајдеме преживеани. Правиме се за да работиме побрзо. Очигледно е дека како поминува времето шансите се се помали, но нашите искуства покажале дека можеме да пронајдеме преживеани дури и 72, 75 или 80 часа по експлозија или земјотрес, па затоа се уште имаме надеж, вели поручникот во француската цивилна заштита Винсент Тизиер.

Медицинските капацитети на градот веќе беа оптоварени до максимум поради коронавирусот, па затоа властите апелираат за медицинска помош во кревети, полски болници и лекови.

Инсталираме полска болница тука, ќе има 80 до 100 кревети колку што знам, медицинскиот тим што ќе ја инсталира ќе дојде во 12 и 30. Ќе има оддел за интензивна нега, за медицинска нега и неколку клиники, вели Д-р Еид Азар, главен лекар во болницата „Сент Џорџ“.

Ударниот бран на експлозијата предизвика штета дури и на 10 километри од пристаништето а сериозно прашање е како држава со економски и социјални проблеми како Либан ќе се справи со катастрофа од такви размери.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе