Ковид19 Свет Топ вести

Вакцината на Новавакс против Ковид-19 успешно произвела антитела

Компанијата „Новавакс“ соопшти дека нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 произвела антитела против новиот коронавирус и се чини дека е безбедна, според првичните податоци од малото клиничко истражување во раната фаза.

Компанијата за биотехнологија со седиште во Мериленд соопшти дека нејзиниот кандидат за вакцинирање, НВКС-Ков 2373, произвел повисоко ниво на антитела кај здрави доброволци по две дози од оние што се пронајдени кај пациенти кои го прележале Ковид-19.

Додавањето на супстанцата наменета за зајакнување на имунолошкиот одговор на организмот го зголеми ефектот на вакцината, велат од компанијата.

Директорот за истражување, Грегори Глен изјави  дека компанијата наскоро ќе започне многу поголеми клинички истражувања во доцна фаза и потенцијално може да собере доволно податоци за да добие одобрение за регулација во декември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе