Свет

Трамп побара процент од продажбата на „ТикТок“

Американскиот претседател Доналд Трамп постави рок до 15 септември да биде завршено преземањето на ТикТок од страна на Мајкрософт и побара значителен дел од средствата од продажбата затоа што овозможиле таа да се случи.

„Ќе се затвори на 15 септември освен ако Мајкрософт или некој друг не постигне договор и го откупи, соодветен договор со кој и Трезорот на САД, па можете да кажете дека ќе добие многу пари, многу пари.“

Правните експерти барањето на владата за исплата на дел од продажбата го оценуваат како многу неовично но посочуваат дека таа нема авторитет да одобрува или наплаќа дел од договор за преземање меѓу две приватни компании. Но Мајкрософт веќе преговараше со Бајтденс, компанијата која го поседува Тикток за негово откупување, кога Белата куќа се вмеша и одлучи да ја забрани употребата на апликацијата во САД и нареди прекин на преговорите, за подоцна да се предомисли и да дозволи но и да побара дел од продажбата.

САД го злоупотребуваат концептот на национална безбедност, се заканува и обвинува релевантни кинески компании без никакви докази. Ова ги прекршува принципите на пазарната економија и го открива лицемерието и типичните двојни стандарди на САД, кои пак се залагаат за праведност и слобода, изјави Ванг Венбин – Портпарол на кинеското министерство за надворешни работи

Изминативе неколку години апликацијата развиена од Бајтденс стана глобално популарна а особено во САД каде има 80 милиони активни корисници. Тоа ги загрижува американските безбедносни агенции кои сметаат дека таа многу лесно би можела да биде злоупотребена од страна на кинеската влада. Компанијата Бајтденс има идентитична но посебна апликација за кинескиот пазар и тврди дека податоците од двете се складираат псоебно. За американската апликација серверите се во САД а резервните во Сингапур.

 

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

Урнати два железнички моста во Русија – Москва се сомнева во украинска вмешаност, Киев молчи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе