Дваесет и седумгодишно годишно момче од Битола позитивно на коронавирус, денеска почина на Инфективната клиника во Скопје. На инфективната клиника во Скопје момчето било префрлено на 27-ми Јули во потешка состојба, откако претходно било хоспитализирано во Ковид Центарот во Битола.
Според податоците од инфективната клиника, момчето во детството се лечел од леукемија, но во последните 15 години немал проблеми со болеста. Момчето работело во познат кафич во центарот на Битола.
Дваесет и четиригодишна кавадарчанка е нов случај на Ковид-19 во овој град каде расте бројот на млади позитивни на вирусот во Кавадарци. Таа не знаела дали имала контакт со заразено лице. Од почетокот на пандемијата до денеска, во Кавадарци заболеа вкупно 60 лица.