Ковид19 Македонија Најважни

Охрид преполн со туристи, ретко кој ги почитува мерките

Во овој продолжен празничен викенд Охрид традиционално е преполн со туристи. Но во една исклучитлно сложена епидемиолошка сосотојба, со голем број заболени од Ковид-19, ретко кој носи заштитна маска, ниту се одржува потребната дистанца.

Еве ги гледам младите никако не носат, а секоја чест за постарите. Можеби се плашат од болестите што ги имаат, вели туристка од Штип.

Мерките  речиси е невозможно да се почитуваат и на Охридските плажи. И онаму каде  концесионерите ги запазиле  протоколите,  метежот е голем, а гостите групирани.

Кумановци сме, доаѓавме со комбе, сите носевме маска, во рестораните не служат со маски, ама ете на плажа не носиме маски, рече гостинка од Куманов

Мораме да се релаксираме, ако се пазиш тоа  не е одмор. Мора де се живее, кого ќе стрефи нека стрефи сега, тоа е судбина, рече друг трусирт.

Здравствените власти стравуваат за последиците од ваквото однесување.

Овие безбедносни мерки за заштита од Ковид-19 се на едно повисоко ниво на почитување кај странските гости за разлика од нашите, веројатно менаталитетот ни е таков па мислиме никој ништо не ни може. Ми е страв да кажам, но веројатно во наредниот период ќе ги имаме последиците, вели д-р Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје-Охрид.

Голем проблем за надлежните се најавите за организација на концерти на отворено, па од Кризниот штаб апелираат да се откажат овие настани ако нема услови за спроврдување на протоколите.

Затоа што тоа е неспроведливо да има на еден стадион 3.000 или 5.000 луѓе и да се одржува дистанца од два метра. Тоа е неизводливо, вели Точков.

Општината започнаа кампања „Летувај безбедно во време на пандемија“ за пoдигање на јавната свест и најавуваат дека сите надлежни институции овие денови ќе делуваат координирано и ќе вложат напори за почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема кафе за „збогум“ – „Вреди“ го посакуваат Образование, Здравство оди кај ВМРО ДПМНЕ?

Дејан Дејан

Ревизорите потврдија – зграда може, парк или дрворед многу тешко!

Дејан Дејан

Дванаесет години затвор за Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе