Економија Ковид19 Најважни

Светска Банка: Освен да ги вратат, фирмите би можеле да бидат и предмет на истрага

Светска банка би можела да отпочне истрага како се трошеле позајмените пари за мерки против корона пандемијата на владата, по, скандалот дека над 600 фирми им останале должни минимална плата на стотици вработени. Во одгoвор за Телма телевизија категорично велат дека овие фирми ќе треба и да ги вратат парите. Прeд да ги земат се обврзале и го потпишале упатството за борба против корупција на Светска Банка.

Фирмите кои аплицираа за субвенцијата се согласија во нивната апликација да ги почитуваат Упатствата за борба против корупцијата на Светска банка – така што, покрај тоа што треба да ги вратат парите, тие би можеле да бидат предмет и на истрага од Светската банка. Светската банка е задоволна што гледа дека се воспоставени силните механизми за надзор за да се обезбедат овие пари што ги достигнуваат вработените.

229 фирми во април не дале државна помош за минимална плата на 679 вработени, за мај бројот на прекршители се уште расте, а заклучно денеска е 355 фирми. Фирмите кои злоупотребиле, не дале минимална палта од државна помош во висина од 120 илајди евра. Виткорија Инвест побарала 10 илајди евра за 86 вработени, а не им дала ниту денар и е прва нa црната листа. Списокот постојано се ажурира велат од Генералниот секретаријат на владата, со што неодговорните фирми имаат шанса до вторник, односно денеска им тече последниот рок да ги подмират платите од помошта.

Списоците се ажурираат, и пристигаат нови информации. Последното ажурирање ќе биде во вторник ,а потоа ќе следат и соодветни постапки. Ги разгледуваме сите опции, изјави генералниот секретар на владата драги Рашковски

Додека Светска банка, предупредува, а генералниот секретаријат ги чека да ги исплатат парите, заменичката на премиерот за економски прашања, најави кривични пријави за фирмите кои не ги испалтиле работниците.

Експерите реагираа дека владата погрешила и наместо парите на правните друштва да ги префла на сметките на работниците. За да си ги добијат, една од опциите за работниците да покренат кривичен спор, или пак владата со уредба да ги повлече и директно да ги префрли на работниците.  Околу 80 милиони евра добија газдите за три месеци да исплатуваат минималец од 14.500 денари за работниците. Иако синдикатите реагираа дека е подобро парите државата директно да ги префрла на сметките на работниците, сепак Владата одлучи парите да легнат на сметките на компаниите, кои потоа да ги префрлат на вработените. По информаците дека има злоупотреби со државната помош, жестоко реагираа синдикатите и побараа кривична одговорност за газдите.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Однесувањето на трето одделенец затвори две училишта – по „11 Октомври“ и „Лазо Ангеловски“ во бојкот на наставата

Дејан Дејан

9-годишното дете кое синоќа падна од зграда и се здоби со тешки повреди денеска е во стабилна состојбата

Дејан Дејан

Стопанска комора одби да ги коментира препораките од фискалниот совет за пензионирањето и придонесот за пензиско

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе