Државните и приватните градинки кои имаат просторни капацитети и доволно персонал, согласно протоколите за заштита од Ковид- 19, може да почнат да работат. Вака гласи постигнатиот договор од денешниот состанок на Комисијата за заштита од заразни болести, со претставници од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството на образование.
Ако ги исполнат протоколите , може да почнат и од понеделник , ако сакаат. Па сега, колку имаат воспитувачи тоа не е до комисијата, тоа е до градинката, до МТСП. Мислам дека со тие протоколи што ги предложивме ние, што ги предложија тие, најдовме заеднички јазик и дека децата можат да бидат згрижени во градинка, вели Александар Стојанов, член на КЗЗБ и директор на Центарот за јавно здравје.
Децата треба да одат во градинка, без разлика дали живееме во услови на Ковид- 19 или не, е ставот на КЗЗБ. Но, препорака за работа во актуелните околности на пандемија , нема за 5 градинки во земјава, зашто не го обезбедуваат предвиденото растојание меѓу децата.
Главната причина е недостатокот на простор. Ако успеат да направат зголемена површина на градинките, да ги растеретат децата…На пример, ако двајца родители работат , тие деца имаат предност да бидат згрижени во градинка. Ако работи еден родител, а другиот седи дома, тој може , тој може да го чува детето. Инаку видете , овој проблем со просторот, не е од сега, со Ковдот- 19. Ова е хроничен проблем, вели стојанов.
Според Стојанов, на состанокот се разгледувале и опции за враќање на учениците од основните и средните училишта, во школските клупи од септември. Учење со физичко присуство и со скратени часови и одење во смени на училиште или посета на наставата со ротации на една или две седмици, па учење од дома на далечина, се варијантите кои ќе се применуваат, согласно просторните капацитети на училиштата. Користење дезинфициенси, зајакнато одржување хигиена во училниците и нивно проветрување , се останатите мерки за заштита од корона вирусот, кои треба да се применуваат и во училиштата и во градинките.
За датум за отворање на градинките се чека официјална одлука од МТСП, а од ресорот Образование, за отворањето на училиштата,најавија дека ќе соопштат до средината на август.
Сотир Трајков