Ковид19 Македонија Најважни

Реисот позитивен на коронавирус, ИВЗ бара верниците за Курбан Бајрам да не одат на гости

Наместо со видео порака в.д. реисот Шаќир Фетаху денеска телефонски им го честиташе на исламските верници утрешниот празник Курбан Бајрам. Причината за телефонската честитка е позитивниот тест на коронавирус на в.д. претседателот на Исламската верска заедница кој поради тоа се наоѓа на домашно лекување.

„Браќа и сестри! Деновите на Курбан Бајрам се одбележани, незаборавни денови на лубовта кон Бога и човекот. Затоа, нека биде прослава на нашата заедничка радост, мир, солидарност, благосостојба и братство меѓу себе; прослава на взаемно помирување, почит едни кон други“, е дел од празничната порака на Фетаху.

Фетаху самиот денеска на својот фејсбук профил објави дека е заболен од коронавирус.

„Грижејќи се за моето семејство, за моите соработници, како и верниците и граѓаните, решив да направам тест за Ковид-19, кој се покажа како позитивен. Моментално, се е во ред, без проблематични симптоми“, напиша Фетаху на „фејсбук“.

Фетаху, како што дознава Телма, се тестирал на коронавирус откако неговата сопруга пројавила симптоми на вирусот, по што и со тест и бил потврден. Во целиот тој период поглаварот на ИВЗ бил во самоизолација.

Истовремено со информацијата дека реисот е позитивен на Кови-19 до исламските верници во земјава стигна и препорака од ИВЗ како да го одбележат утрешниот празник за да го намалат ризикот од коровирусот. Од нив меѓу другото се бара телефонски да си го честитаа празникот со роднините, без одење по гости.

„Ние ги анулиравме сите манифестации што се во врска со Курбан Бајрам, за што пократко да стоиме во џамија и тоа само во времето додека се клања Курбан Бајрам, значи 15 до 20 мунити“, изјави Кенан Исмаили, поглавар на Скопското муфтиство.

И самиот реис денеска упати апел до граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните. А надлежните во Скопје пак ги финишираа подготовките за утрешниот празник, на кој се принесува жртва со колење на животни, со поставување на 17 контејнери шест локации низ Скопје за одлагање на органски отпад.

„ги замолувам граѓаните и апел до нив, ги замолува овој органски отпад  да го исфрлат во тие садови“, побара Абдусамед Шабани, директор ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

И додека ИВЗ препорачува кратки молитви и без домашни посети, исламските верници во Косово за празникот ќе се молат дома бидејќи косовските власти поради коронавирусот забранија организирањет верски собири. Албанија од исти причини ги забарни масовните молитви на плоштадите и булеварите и ги дозволи само во одредени џамии, додека во Босна и Херцеговина утре се ограничи некои молитви за верниците, а џамиите ќе бидат отворени за бајрамската молитва само 15 минути порано.

Тамара Грнчароска

https://youtu.be/vlm8uK2iw2A

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе