Вести Ковид19 Свет

Болниците во Хонг Конг пред колапс од големиот бран на болни од КОВИД 19

Градоначалничката на Хонг Конг, Кери Лам ги предупреди граѓаните дека на градот му се заканува нов, голем бран на ширење на коронавирусот и апелираше до сите да останат дома што е можно подолго. Лам изјави и дека болниците се пред колапс од големиот број на пациенти позитивни на корона вирусот.

Со новите регулативи се забранува собирање на повеќе од две лица, привремено се затвораат угостителски објекти, а носењето маски е задолжително и на отворено.

– Се наоѓаме на прагот на нов, голем бран на ширење на коронавирусот. За да ги заштитиме сите оние што ги сакаме, медицинскиот персонал и нашиот град Хонг Конг, ги повикувам сите да се придржуваат кон задолжителните прописи за физичко растојание и да останат во своите домови што е можно подолго, рече Лам денеска.

Во последните 24 часа, во Хонг Конг се регистрирани 106 нови случаи на коронавирус, од почетокот на пандемијата оваа инфекција е потврдена кај 2.880 лица, а починале 23 пациенти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ако трговците се служат со трикови, Владата ќе се служи со мерки

Дејан Дејан

Врховен ја поништи зголемената пресуда за дрога на Васил Јованов – Апелација го осудила без да го викне

Дејан Дејан

Спасовски: Законот за трагедијата во Кочани е морална и институционална обврска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе