Обвинителството за организиран криминал се заинтересира за начинот на кој е избрана фирмата преку која ДИК требаше да им ги направи достапни податоците од гласањето на граѓаните. Влезе во комисијата за да провери како е избрана токму Дуна но и како се купени три телевизори. Ова доаѓа после написите на медиумите за цената на чинење на елевизорите но и изборот на Дуна, велат од обвинителството. Предметот го отвориле по допрен глас, а во ДИК влегла по налог на судија.
Поднесовме барање до судија на претходна постапка за даде наредба за претрес поради сомневања за јавната набавка. Ќе ја провериме законитоста на јавната набавка, соопштија од Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција
И претседателот на ДИК, Оливер Дерковски ја потврдува информацијата, но вели дека набавката е законска и се почитувани сите процедури. Веднаш по изборите тој во гостување во емисијата Топ Тема рече дека постапката за провајдер била почната уште во февруари, но поради два неуспешни тендери морале да одат преговараат со двете фирми заинтересирани за огласот. Ги повикале и двете да достават свои понуди, имало и разговори и жалба од фирмата Ај Воут но сепак на крај подобра била понудата на Дуна. Дерковски вели дека и Комисијата која одлучува по жалби потврдила дека постапката е во ред.
Инаку и покрај најавата дека граѓаните и медиумите преку апликацијата ќе можат во живо да го следат пребројувањето на гласовите и податоците за која партија колку гласови добила вечерта апликацијата не функционираше. За ова одговорност Дерковски побара од луѓе од комисијата кои и покрај тоа што поминале обуки за сајбер напади не успеаја да ја заштитат институцијата од хакерите. Сепак рече дека неможноста да се следи пребројувањето не влијаеше врз на изборниот резултат.
Билјана Николовска