Ковид19 Свет

Пандемијата не забавува, предупредува СЗО

Пандемијата на коронавирусот продолжува да забрзува со удвојување на позитивните случаи изминативе шест недели, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус. Во моментов вкупниот број на луѓе кои заболеа од почетокот на пандемијата се приближува кон 16.500.000 од кои речиси 653.000 починаа.

Кога прогласив јавна здравствена вонредна состојба од меѓународни размери на 30 јануари, највисокиот степен под меѓународното право, имаше помалку од 100 случаи надвор од Кина и немаше починати, рече Гебрејесус.

Тедрос најави дека во наредните денови ќе се состане вонредниот комитет на СЗО, што е процедурална обврска на организацијата според меѓународното право и на кој ќе биде разгледан досегашниот резултат во борбата со пандемијата. Комитетот ќе му даде насоки на генералниот директор за тоа како да продолжи организацијата понатаму.

Кога ги одбележуваме шестте месеци од прогласувањето на глобалната здравствена вонредна состојба, пандемијата на Ковид-19 покажува дека здравјето не е награда за развојот. Тоа е основата на социјалната, економската и политичката стабилност, тврди Гебрејесус.

Гебрејесус тврди дека политичкото лидерство, информирањето и комуницирањето со јавноста, како и зголеменото тестирање и одржување на високо ниво на хигиена и социјална дистанца до сега се покажале како најефикасни мерки и државите кои од почетокот ги спроведуваат сега ги имаат најдобрите резултати.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе