Вести Македонија Топ вести

Фабрика или погон за месо во станбена зграда?

Станарите на улица „Кленоец“ револтирано реагираат дека во нивните две згради е предвидено да биде инсталирана фирма за преработка и пакување на месни производи. Градежните работи се во тек и тие се загрижени за нивната безбедноста.

Проблемот е многу голем. Прво не знам колку е дозволено во објект во кој живеат 40 станари да се прави фабрика или погон за месо. Претходно имаше тука една фабрика за преработка на леб. Комбињата што доаѓаа што носеа брашно и што товареа леб го искршија цел двор плочите и во подрумите ни понира вода. Зимно време може таму да се влезе само со чизми и со ништо друго, вели станарот Зоран Блажевски.

Станарите велат дека реагирале и до Јонче Спирковски сопственикот на Аполо инжињеринг кој е воедно и сопственик на деловните простории, но тој не сакал да ги сослуша. Во телефонски разговор за Телма Спирковски рече дека тие деловни простории се дадени под наем и не знае што се планира во истите понатаму.

Од 40 стана во моментов се потпишаа 28 или 29 станари до моментов. Другите веројатно се на одмори или се отсутни од тука, инаку имаме согласност од сите телефонски дека не сакаат тука да има фабрика, дека тука треба да играат деца, не комбиња за да товараат или истовараат роба и да ни го кршат дворот, вели Блажевски. 

Во меѓувреме револтираните станари реагирале до надлежните институции и инспекторите на општина Карпош.

Како локална самоуправа немаме добиено известување за субјектот, кој ќе врши дејност на посочената локација.Сепак, Секторот за инспекторат ќе ги преземе сите мерки и активности за да се заштитат околните граѓани, во рамки на нашите надлежности, реагира општина карпош.

Во претстојните денови заедно со инспекторатот на град Скопје како примарно надлежен за контрола врз субјектите во областа за месо и месна индустрија надлежните институции ќе излезат да направат теренски увид и нема да дозволат да биде да загрозено нормалното живеење на жителите, стои во дописот на општина Карпош.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари објави дека АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе