Македонија Топ вести

ДКСК води и друга истрага за Агенцијата за филм

ДКСК до Владата поднела иницијатива за поднесување одговорност за директорот на Агенцијата за филм откако уште пролетта започнала истрага по повеќе пријави од анонимни и познати пријавители, потврди претседателката на комисијата Билјана Ивановска. Според неа, комисијата утврдила судир на интереси во Агенцијата за филм каде исти лица биле и рецензенти и членувале во Филмскиот совет, но и неоправдана исплата на средства на филмски продукции, за време на вонредната состојба.

Директорот објаснуваше дека имало уредби од Владата со законска сила, но ние не успеавме да пронајдеме такви уредби, вели Ивановска.

Судирот на интереси бил отстранет, откако двете лица во прашање биле сменети од Филмскиот совет по укажувањето на комисијата, но дури откако веќе биле бодирани филмовите.

Што се однесува до исплатите, Ивановска вели дека има непоклопување, односно на повеќе места фигурира различен број на исплати за филмски проекти, па така во пријавата стоело дека се исплатени средства за 27 филмски проекти, според агенцијата тој број бил 29 а според Министерството за култура 31. Дополнително средствата биле исплаќани без банкарски гаранции.

Директорот кажа дека биле исплатени „средства за преживување“, секој може да ја отвори алатката на „Отворени финансии“ и да види дали се тоа „средства за преживување“ или се поприлични суми, вели Ивановска.

Според неа мерката на владата за исплата на 14.500 денари за сите вработени ги опфаќаше и филмските и театарските работници а средствата која агенцијата ги исплатила не можат да бидат наменети „за преживување“, како што тврди директорот, туку тие биле средства планирани за продукција на филмски проекти кои биле претходно одобрени. Поради сите овие утврдени пропусти ДКСК денеска побара од владата разрешување на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија. Ивановска потврди дека комисијата води уште една истрага за Агенцијата за филм, но освен тоа дека се работи за исплата на средства на една продукција, не откри повеќе детали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе