Општина Чаир се уште не знае кој е инвеститор на објектот кај Мавровка, тврди градоначалникот Ганиу. Овластен градежен инспектор на Општината излегол на терен да го предаде решението дека објектот мора да биде урнат за осум дена, но ги затекнал само мајсторите. Затоа решението е објавено во Службен весник а рокот за уривање започнува да тече од утре.
Ако по истекување на рокот не се урне објектот, Општината ќе го урива. Дозвола за градење не е издадена за локацијата, а истечен е рокот и за барање за легализација бидејќи течат градежните работи.