Ковид19 Свет

Нов апарат открива Ковид-19 во здив на тестираното лице

Болница во францускиот град Лион тестира нов апарат кој е во состојба, со анализирање на здивот на пациентот, за само неколку секунди да открие дали има коронавирус.

Во тек е втората фаза на тестирање на овој апарат, и, за разлика од стандардниот ПСР тест, овој метод на тестирање не е инвазивен и веднаш го покажува резултатот.

Објаснувајќи дека апаратот работи на принцип сличен на оној на кој се заснова класичниот тест за алкохол, првиот човек на истражувачкиот тим рече дека уредот открива молекули во здивот на субјектот на тестот кои укажуваат на присуство на коронавирус во организмот.

Потребно е само лицето кое се тестира да дивне во цевката на апаратот, информира лондонски „Гардијан“, наведувајќи дека целта на француските истражувачи е уредот да стане целосно функционален до крајот на годината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на жртви во Тексас расте, меѓу нив и девет деца

Дејан Дејан

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе