Ковид19 Свет

Трамп: Носете заштитни маски, пандемијата се влошува

На првата пресконференција за состојбата со коронавирусот на која се појави после неколку месеци Доналд Трамп ги предупреди Американците дека таа допрва ќе се влошува и ги повика да носат заштитни маски и да одржуваат високо ниво на хигиена. За разлика од сите претходни појавувања на брифинзите, овој пат беше воздржан и умерен во коментарите, очигледно под притисок од страна на соработниците за да се обезбеди што поголема подршка за мерките за ограничување на ширењето на вирусот.

Нашата цел не е само да се справиме со пандемијата туку да и ставиме крај. Сакаме да се ослободиме од неа што побрзо, токму затоа вакцината останува врвен приоритет. Две вакцини овој месец влегуваат во финалните фази на медицински тестирања, тоа беше постигнато во рекордно брзо време. Претходно потребни беа години за да стигнеме во оваа позиција, рече Трамп.

Промената во неговите јавни настапи во врска со пандемијата најверојатно произлегува од последните анкети кои покажуваат многу ниско мислење за справувањето на администрацијата со неа а со тоа и шансите за негов реизбор во ноември. Токму затоа неговото излагање на брифингот беше кратко и очигледно претходно подготвено. Порача дека ригорозните рестриктивни мерки на почетокот на пандемијата биле неопходни но исто така неодржливи и економски штетни.

Но сега сме свесни за оваа болест, во голем дел ја разбираме. Можеби никој нема целосно да ја разбере, но ќе пронајдеме лек, ќе пронајдеме терапии и ќе пронајдеме вакцина многу брзо, вели Трамп.

САД е најпогодената земја од коронавирусот со вкупен број на заболени кој надмина 4 милиони од кои 145.000 до сега починаа.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе