Македонија Топ вести

Жестока дебата во Топ Тема: Дали ДУП-от нуди подобри решенија за центарот на градот?

Ако општина Центар го повлече Деталниот урбанистички план за  Мал ринг како што бара Асоцијацијата на архитекти – на сила ќе се врати стариот ДУП од 2012 година со сите градби од Скопје 2014 – вели градоначалникот Саша Богдановиќ. Посочува дека се избришани оние објекти за кои тоа можело да се стори, а за оние за кои се водат судски процеси ќе мора да се чека разрешница. Нема да има барокни фасади, ниту галии во Вардар, но за дел од објектите според Богдановиќ мора да се вклучат и други институции кои сега креваат раменици“. Посочи и дека досега наишле на затворени врати во министерството за култура каде министер имаше ДУИ. Советничката  Јана Белчева пак во вечерашната Топ тема додаде дека голем проблем во ДУП-от не е само фактот дека во него се содржани повеќе објекти планирани со озлогласениот проект на претходната власт „Скопје 2014”, туку тој не нуди визија за срцето на една европска

Белчева оцени дека јавната расправа за деталниот урбанистички план “Мал Ринг” е отворена во погрешен миг, кога во државата нема функционални институции по парламентарните избори и во екотот на пандемијата корона вирус, што го потврдува и фактот дека досега во расправата се вклучиле претставници на само 2 институции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе