Две годишно дете е намјладиот позитивен од коронавирус во Штип, покажаа денешните пристигнати резултати во Центарот за јавно здравје. Инаку само за едно деноноќие бројот на заразени се зголеми за 11 посто. Со денешните резултати во градот на текстилот активни се 333 случаи, од кои 80 отсто се од фабричките калстери, а останатите се нивни контакти, членови на семејствата или пријатели.. Епидемиолошките анкети покажуваат дека и денешниве се заразени од осумте фабрички кластери. Пред два дена директорката на штипскиот Центар за јавно здравје најдобро појасни зошто Штип е корона жариште.
- Граѓаните не ги сфатија сериозно мерките. Не се откажуваат од социјалниот живот. Се собираат и се дружат без маски и почитување на мерките. Навистина не може да се одреди каде опасноста од вирусот е поголема, дали на работа или дома. Мислам дека тука има повеќе работа за инспектратите“, вели Марија Димитрова од штипскиот Центар за јавно здравје.
Полицијата од вчера почна да врши контроли и на автобусите за превоз на работниците. Штипските епидемиолози, инфектолозите, медицинските сестри, техничари и болничари секојдневно ја бијат битката со вирусот, не ни помислвајќи на одмор. Апелираат граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки, во интерес на нивното здравје и на најблиските. Според државниот секретар за здравство Владимир Милошев, Комисијата за заразни болести будно ја следи епидемиолошката состојба во Штип, но засега не се планира воведување на рестриктивни мерки.
Викторија Јованова Димитрова