Вести Македонија

Видео: Директен судир на патот Куманово –Свети Николе, 4-ца повредени

Бел шевролет спарк се движи и ги менува лентите на патот Куманово-Свети Николе. На крај вози во погрешна лента на кривина, а бмв од другиот правец се обидува да го избегне, но не успева и автомобилите директно се удираат. Снимката е објавена на јутјуб откако возач кој се движел зад белиот спарк го снимал чудното однесување и возење на 21-годишниот шофер.

Директен судир на два автомобили со кумановски регистрации се случил вчера попладне во близина на селото Скачковце (10 километри јужно од Куманово). Во несреќата на патот Куманово-Свети Николе се повредени сите 4-ца патници во двата автомобили.

На снимката се гледа како после сударот, парчиња од автомобилот остануваат на патот.

МВР ги објави деталите во денешниот билтен:

-На 19.07.2020 околу 15.00 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Скачковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З.(21) од с.Скачковце, кумановско, и патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(30) од Куманово. По незгодата, Ш.Ш., М.З. и сопатниците од патничко моторно возило „бмв“, Г.Ш.(31) и Н.Ш.(62), двајцата од Куманово биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе