Култура

Објавена книгата „ Press & Play“ посветена на домашната музичка сцена

Од перото на музичкиот новинар и критичар, Ненад Георгиевски, излезе првата книга- рецензии за современата македонска музика, објавена на англиски јазик. Насловена „Press & Play“, книгата вклучува рецензентски текстови за албуми, концерти и фестивали, кои Георгиевски ги објавувал 15 години за познатата интернет платформа „All About Jazz“.

Книгата дава увид во случувањата на домашната музичка сцена, преку содржини за Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Зоран Маџиров, „Анастасија“, за Скопскиот џез фестивал и за „ Офф-фест“.

Книгата  „Press & Play“, од утре (18 јули), ќе се продава во книжарниците на „Литература.мк“, а онлајн промоцијата ќе се одржи во понеделник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе