Ковид19 Македонија Најважни

94 нови случаи на Ковид-19, 8 починати

94 новозаболени и 8 починати од корона вирусот, стои во денешниот ковид билтен од здравство. Два пациенти од Скопје, двајца од Гостивар, а  од Прилеп, Струга, Охрид и Кичево на болеста и подлегнаа по 1 пациент.

Инаку, Скопје останува градот каде што секој ден има најмногу потврдени позитивни  на корона.

Па така денеска од вкупниот број , половина се од главниот град – 49.

Следат:

Гостивар 13

Свети Николе 9

Штип 8

Тетово 6

Куманово 2

Струга 2

Кочани 2

Кичево 2

Прилеп 1

На Инфективната клиника  за 24 часа, примени се 3 пациенти. Во болницата во моментов се лекуватаат 85 пациенти.

Скоро половина од нив – 42 се на кислородна поддршка. Нема ниту еден пациент кој е на респиратор.

Во Козле се  хоспитализирани 28 пациенти , 20 возрасни и 8 деца позитивни на корона вирусот.

8-ми септември и понатаму останува КОВИД центар во кои имаа најмногу пациенти.

Таму се хоспитализирани 94 пациенти. За едно деноноќие примени се 7 нови . На респиратор дишат 6 луѓе.

А кластерите во конфекциите во Свети Николе и Штип го наполнија и инфективното одделение во Штипската болница каде што се лекуваат 56 луѓе позитивни на КОВИД 19.

Бројот пак на луѓе кои добиле два негативни ПЦР тестови и се излекувани од корона е 42.

Бројката на новодијагностицирани инаку денес е преполовена од вчера кога имаше  198 или високи 14 проценти од тестирањата. Денеска процентот е 11. 3.

Во Македонија има 3619 активни случаи , а бројот на починати достигна 401.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Зеленски: Русија продолжува со нападите пред очекуваните разговори

Дејан Дејан

Мицкоски ќе предложи нови кадри за позициите на Алијанса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе