До 13 часот , излезноста на територијата на цела држава за парламентарните избори во 2016 година била 38, 43%, а денеска до истото време, процентот на излезност изнесува 24%. Тоа значи дека одзивот на гласачите годинава е за над 14% помал во однос на 2016 , со напомена дека овој пат изборниот ден трае 2 часа повеќе- до 21часот, до кога ќе се полнат гласачките кутии. Во Државната изборна комисија сеуште се обработуваат податоците кои постојано пристигнуваат од општинските изборни комисии и затоа бројките може да трпат промени.
Аналитичкиот центар на Тв Телма ги изработи податоците за споредбената анализа, за излозноста на овие, во однос на парламентарните избори во 2016 година.