Ковид19 Свет

Бројот на смртни случаи во од Ковид-19 во САД може да биде над 220.000 во ноември

Најновиот проект за моделирање го зголемува бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД, но истражувачки тим сугерира дека универзалната употреба на маски би можела да спаси 40.000 животи од сега до ноември.

Бројот на смртни случаи изнесува 136.000, но таа цифра во државата може да достигне 151.000 до 1 август и 157.000 до 8 август, според просекот на модели на 23 истражувачки групи во САД.

Податоците ги објави истражувачки тим на Универзитетот во Масачусетс во име на Центрите за контрола и спречување на болести.

Пред една недела, таа бројка од нив беше 147.000 смртни случаи на 1 август.

Калифорнија, Флорида и Тексас, трите најнаселени држави во САД, ќе забележат илјада нови смртни случаи во текот на следните четири недели во споредба со претходните четири, рече професорот Николас Рајх.

Анализите на Универзитетот во Вашингтон одат понатаму и предвидуваат 224.000 смртни случаи на 1 ноември, но цифрата може да биде помала за околу 40.000 доколку 95 отсто од Американците не ги напуштаат домовите и носат заштитни маски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Бомбашки напад во Судан: Загинаа 14 членови на едно семејство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе