Свет

Втор бран на епидемијата е неизбежен, предупредува Европската комисија

Втор бран на епидемијата на Ковид-19 е неизбежен, изјави денеска еврокомесарката за здравство Стела Киријакидис и додаде дека е важно на следниот карантин да му се пристапи попаметно.

ЕК претстави краткорочни мерки за зајакнување на подготвеноста на европските здравствени системи за нов бран на коронавирусот.

Според препораките на Европската комисија, националните мерки против епидемии мора да бидат прилагодени на карактеристиките на населението, вклучително и културолошките, со цел јавноста да има доверба. Ова не е најсветлиот момент за ЕУ изјави потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас во врска со неисполнувањето на претходните препораки на Комисијата.

Според ЕК, неопходна е постојана будност и подготвеност за брзо дејствување од нејзина страна и од страна на земјите од ЕУ за да може да се контролира ширењето на болеста и да се избегнат новите целосни ограничувања на слободата на движење.

Секоја година, сезонскиот грип врши притисок врз европските здравствени системи, затоа ги повикуваме земјите на ЕУ да размислат за преземање на активности за да го спречат тоа, на пример со зголемување на пристап до вакцини, со порано започнување со кампањи за вакцинација и со проширување на обемот на овие кампањи, со јавна набавка за на лекови, соопшти ЕК. Наскоро се очекуваат насоки за сето ова од Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Киријакидис рече дека ЕК сè уште преговара со производителот на лекот ремдесивир, што го забрзува закрепнувањето на пациентите со коронавирус. Според неа, лекот е доставен во ЕУ, а новите количини, за кои сега се преговара, ќе бидат распределени меѓу европските земји по потреба.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе