Ковид19 Македонија

Штипски кластер е потеклото на заболените во Свети Николе

Состојбата во Свети Николе се подобрува по огромниот број на регистрирани случаи во последните неколку дена со што бројката се искачи на 110 активни случаи. Епидемиолозите се на терен а според министерот за здравство Венко Филипче кој денеска беше во градот, потеклото на заболените е од кластер во Штип. Најголем дел од новите случаи се вработени во текстилна конфекција која веќе е затворена а во моментов се спроведува анкета и тестирање на вработените.

Анализата на Комисијата за заразни болести покажала дека споредено со претходните три недели, бројките на новозаболени во државата малку се покачени но процентот на позитивни тестови и хоспитализирани пациенти останал ист а министерот Филипче соопшти не се очекува зголемен број на пациенти во болниците.

Во меѓувреме, течат подготовките за есенскиот бран на вирусот и за таа цел во 16 града каде веќе постојат општи болници и здравствени домови ќе се формираат регионални ковид-центри.

Станува број за дополнителни времени капацитети, монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на капацитети кои би можеле да се користат како привремени ковид-центри.

Во петокот се одржан состанок на министерот со градоначалниците а утре претставници на министерството и на Комисијата ќе имаат состанок со директорите на болниците  на кој ќе се разговара за капацитетите и техничките потреби на овие центри.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДЗР: Ниту една општина во седиште во град не го исполнува стандардот за зеленило

Дејан Дејан

Внимавајте на лажни е-пораки – МВР со апел до граѓаните

Дејан Дејан

Меџити со порака до Таравари: Ти не ја напушташ владата, ти ја предаде владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе