Избори 2020 Македонија Најважни

Вулгарна и негативна, наспроти културна и коректна кампања?!

Вулгарна и негативна, наспроти културна и коректна кампања. Аналитичарите различно ја оценуваат кампањата во македонскиот и албанскиот блок на партии која завршува вечерва на полноќ. Марко Трошановски од Институтот за демократија смета дека силната негативна компонента на кампањата ќе мобилизира многу мал дел од неопределените, а излезноста ќе ја направат партиските поддржувачи.

Кампањата на ДУИ, пак,  Трошановски ја оценува како моноетничка. Вели дека се затскрива зад концептот на мултиетничност, но целата аргументација е еднострано етничка, за разлика од граѓанската коалиција за која смета дека ќе го зголеми рејтингот на владејачката партија.

Аналитичарите од албанскиот блок имаат спротивен став. Џелал Незири вели дека, иако се чини дека преовладуваа големите каузи, ова беше една од најквалитетните кампањи. За првпат се третирале поконкретни проблеми на Албанците, во поглед на намалување на невработеноста и миграцијата на младите. Смета дека тоа ќе ја зголеми излезноста во шестата изборна единица, каде последните изборни циклуси е помала од 50 проценти, токму поради отсуството на конкретни решенија и идеи.

Завршните митинзи се вечерва, а од полноќ почнува изборниот молк. Гласањето за првпат ќе трае три дена поради ситуацијата со корона вирусот. Утре ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е определена мерка самоизолација. Тие ќе бидат посетени во своите домови, од страна на посебен избирачки одбор, формиран од ДИК.

Немоќните и хронично болни лица, раселените и затворениците ќе гласаат во вторник.

За првпат гласањето ќе трае два часа подолго, од 7 до 21 часот. Гласањето ќе се одвива според безбедносни протоколи, со маски и на дистанца.

Граѓаните ќе избираат меѓу кандидатите на 15 коалиции и партии. Право на глас имаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе