Во инцидентите што вчера се случија пред грчкиот Парламент за време на протестот против новиот закон за штрајкови и собири, повредени се шест полицајци, а уапсени се девет лица.
Поголема група маскирани млади лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели и разни тврди предмети, а полицијата одговори со шок бомби и солзавец. Освен во Атина, протести се одржаа и во 40 други града, на кои учествувале речиси 10.000 луѓе.
По жестока дебата, грчките пратеници со 187 гласа „за“ и 101 „против“ го изгласаа новиот закон, кој овозможува кривично гонење на на демонстранти кои присутвуваат на митинзи без одобрение од полицијата, а организаторите ќе одговараат за направената штета.