Избори 2020 Македонија Топ вести

Кој со кого би коалицирал доколку победат?

Лидерот на ДУИ Али Ахмети не исклучува коалицирање со СДСМ, односно според него најдобро е на изборите да победи СДСМ .

Тоа што сум го рекол еднаш, ќе го кажам и два пати и три пати. Ова го кажувам и во Вашата емисија, најдобро е да победи актуелниот партнер без оглед на неговите јавни изјави дека сака ДУИ да биде во опозиција. Но, нема подобар избор од ДУИ за државата. Постабилен и поспремен партнер од ДУИ нема за продолжување на битните процеси. Но на крај, секако одлучуваат граѓаните. Не сум јас тој кој што ќе утврди кој ќе биде победникот, изјави во Топ Тема лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Заев сепак вели дека не би коалицирал со ДУИ доколку СДСМ победи на изборите и би било добро инегративците да заминат во опозиција.

Уцени нема да прифатиме, тие јасно испорачаа уценувачка порака, изјави Заев кој запарашан дали доколку ДУИ го повлече барањето за Албанец Премиер, изјави дека се е отворено за разговор и мојата желба ДУИ да оди во опозиција. Ако постојат други опции ќе ги искористиме, изјави Заев.

Ваквата предизборна реторика на СДСМ и ДУИ, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ја смета за договорена.

Постои некој клуб на политички лидери кои си седнуваат и договараат каква кампања ќе водат, по иста логика кога Груевски со Ахмети или ВМРО со ДУИ, се препукуваа за време на избори а другиот ден немаа никаков проблем да продолжат и да прават Влада. И по иста логика сега оваа огра помеѓу СДСМ и ДУИ, вели Села.

Запрашан за обвинувањата кон коалицијата на СДСМ со БЕСА дека заговараат федерализација на Македонија, и што пак доколку се случи да ВМРО-ДПМНЕ мора по изборите да коалицира со БЕСА, лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека до неговата партија стасале информации за заговарање на федерализација.

Тоа се информации со кои ние располагаме, не велем дека се вистинити, но ние сме должни да ги рефлектираме тие информации и да и ги соопштиме на јавноста на нашите собири со граѓаните да не биде после дека тоа било само во главите на Вмровците. И тоа не е од наша страна националистички, јас ќе ви кажам познавам многу Албанци, Турци, кои не сакаат ова да се случи, кои си ја сакаат Македонија ваква каква што си е унитарна. Но има и такви сили кои заговараат и такви планови за во иднина, изјави Мицкоски во интервјуто во Топ Тема.

Кој со кого ке коалицира? Какви се комбинаториките за составување на влада? На овие и други прашања вечерва во Топ Тема одговараат лидерите на СДСМ – Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, ДУИ – Али Ахмети и Алијанса за Албанците – Зијадин Села.  Интервјуата ќе се емитуваат вечерва од 19.20.

19.20 Зоран Заев лидер на СДСМ;

20.00 Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ;

20.40 Али Ахмети лидер на ДУИ;

22.15 Зијадин Села лидер на Алијанса за Албанците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе