Поплавени куќи и дворови, подруми и гаражи, уништенa покуќнина и автомобили. Силното невреме што вчера ја зафати Битола со 36 литри дожд на М2 за петнаесетина минути, предизвика штети во домовите на граѓаните во пониските делови од градот, посебно во населбата Јени маале, каде од силниот дожд улицте се претворија во реки.
-Внаре е се уништено, елементи, кревети, апарати, собите беа до пола во вода. немавме од каде да излеземе, вели жител
-Со пумпи ја исцрпија водата од дворот, но што фајде, кога куќата ми е уништена, буквално не е за живеење, вели друг жител
Под вода се најдоа и подрумите и гаражите во згради во оваа населба,а жителите велат дека иако се нови градби немаат сливници за атмосферските води.
-Имаше голем наплив на вода од главанта улица. Нема кај да оди водата, нема испуст, нема канал и се собра водата влезе во зградите, полави визби, гаражи, рече станар
-Во визбите има едно метро вода, сите се поплавени, рече друг станар.
Граѓаните не паметат вакво невреме, иако во оваа населба се случувало да се поплават и при помали врнежи. Велат дека проблемот е е во тоа што при изградбата на обиколниот пат М5 пред десетина години, затворен е собирниот канал за атмосферски води. Сега бараат наделжните на најдат соодветно решение.
-Овде имаше отворен канал и одеше под линија, тој уште постои, но кога го правеа новиот пат го затворија, вели жител.
Доцна синоќа заседаваша и кризниот штаб, а екипи на јавните претпријтаија и противпожаната единица, ги санираат најкритичните точки во градот. Во текот на ноќат со пумпи се црпеше водата од куќите, а се чистеа и сообраќајниците.
Градоначланичката Петровска, за критиките кои се појавија на социјланите медиуми дека проблемот за поплавите е неисчистената атмосферска канализација, вели состојбата секогаш може да е подобра, но мрежата е функционлна.
-На сликите гледаме дека кај шахтите има насобрано камења што значи ако немало вшмукувачки ефект, немло д а има камења. Што значи дека клучниот проблем е токму поројниот дожд, рече Наташа Петровска, градоначалник на Битола.
Од општината ги повикаа граѓаните кои имаат штети во домовите, да се пријават за финансиска помош. Засега нема информации за предизвикани штети на земјодлеските посеви.
Емилија Мисирлиевска