Македонија Топ вести

Дискриминирани сме, тврдат одбиените кандидати од Академијата за судии и обвинители

14 одбиени кандидати на последниот конкурс на Академијата за судии и обвинители за упис на слушатели реагираат затоа што иако се наоѓаат на добитните места од 40то до 60то не се примени во седмата генерација на Академијата.

Сметаат дека Академијата со правилник ги изменила условите за избор незаконски односно прво е распишан конкурсот, а потоа е донесен правилникот со кој се предвидува упис на 40 слушатели од македонска националност, 15 од албанска националност и 5-мина слушатели од другите етнички заедници. Тој услов го немало во конкурсот поради што 14-те незадоволни кандидати оценуваат дека се дикриминирани врз национална основа и дека со изборот се нарушува борбата за правна држава.

Бараат да се измени изборот односно како во последната генерација прво да се изберат најдобрите 60, а потоа да се изберат дополнителни кандидати врз основа на национална припадност за да се исполни квотата. Минатиот четврток Академијата го објави списокот на примени слушатели.

На списокот имаше десетина деца или брачни партнери на познати судии, обвинители и политичари. Примени се синовите на спикерот Талат Џафери и на претседателот на судскиот совет Киро Здравев, како и деца на обвинителки од СЈО и организиран криминал и на врховни судии. По национален клуч како слушател со најслаб резултат е примен адвокат кој на тестовите се пласирал на 252-рото место. Од Академијата соопштија дека селекцијата била транспарентна и сеопфатна и траела цела години за да се изберат најдобрите кандидати.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе