Македонија Топ вести

Болестите на срцето – главна здравствена причина за смрт на населението

Кардиоваскуларните болести се на врвот на листата на главни здравствени причинители на смрт кај населението. Според дијагнозите на починатите, дури половина се болести на срцето анализираат од Институтот за јавно здравје.

Податоците на Управата за водење на матичните книги покажуваат дека од први јануари до први јули лани, починале 10175 граѓани вкупно. Во истите седум месеци годинава од кои половина се опфатени и со светска пандемија, вкупната бројка на смртни случаи е 9427.

Карциномите се втор главен причинител на смрт кај луѓето. Намалена е смртноста кај бебињата.

Статистичарите на BBC објавија свое истражување во кое ги анализираат бројките во време на пандемија од корона вирус. Опфатени се 27 земји, а главниот заклучок е дека бројот на починати во пандемијата е поголем од нормалата и покрај броењето на жртвите на Ковид-19.

Од вирусот официјално починаа повеќе од половина милион луѓе во светот, а бројката е уште поголема ако се земат предвид смртните случаи кои се индиректна последица на целата ситуација која која ги затекна сите земји.

Здравствени систем и болници ставени целосно во функција на борбата со Ковид-19 насекаде во светот, е причина за дополнителни, повеќе од 130 илјади починати лица, од различни болести.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братот на градоначалникот Стефковски „отрчал“ во станица за да плати казна за пребрзо возење на Велигден, Тошковски најави кривични за началник кој наредил полицаец да пише казна на друг човек

Дејан Дејан

Османи: Оваа влада нема интерес да го продолжи процесот

Дејан Дејан

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе