Ковид19 Свет Топ вести

359 новозаболени, српската владата со преблаги мерки за Белград

По се поголемиот број нозвозаболени Српската влада денеска донесе одлука за повторно воведување на рестриктивни мерки во Белград, како последните неколку денови е забележан најголемиот број на позитивни случаи.

Иако се очекуваше воведување полициски час па дури и затварање на српската престолнина, кризниот штаб препорача многу поблаги мерки. Се затвараат студентските домови, се воведуваат повисоки казни за неносење заштитни маски, се воведува ограничување на јавните собири на најмногу до 100 лица во затворен простор и 500 лица на отворен простор а се ограничува и работното време на ноќните клубови и сплавовите. Претседателот Александар Вучиќ кој ги објави мерките по состанокот на кризниот штаб изјави дека доколку одлуката би била негова тој целосно би го затвори Белград и би прогласил 7 дневен полициски час затоа што така најлесно и најбрзо би се намалил бројот на новозаболени. Вучиќ најави уште построги мерки па дури и затварање на Белград ако во наредните три – четири дена овие мерки не го дадат посакуваниот резултат.

По протестите и обвинувањата од страна на жителите на Нови Пазар од денеска пристигна тим на лекари и медицински персонал во градската општа болница, откако од вирусот заболе голем дел од персоналот во болницата.

Признавајќи дека требало многу порано болницата во Нови пазар да ја направат ковид болница, Вучиќ се пофали дека утре таму ќе пристигнат и 10 нови респиратори.

Денеска во Србија беше забележан највисокиот број новозаболени од пикот на епидемијата во април. Дури 359 позитивни случаи се регистрирани денеска а починати се шестмина со кои бројот на луѓе кои ја изгубија битката со Ковид-19 во Србија се искачи на 287. Србија е најпогодената земја на Балканот со дури 15.195 потврдени случаи на коронавирус а најголемиот број на заболени во новиот бран е забележан во централна Србија и престолнината Белград.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Живот во Припјат ќе биде можен по 3.000 години – 39 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе