Избори 2020 Македонија

„Агенти“ на ДКСК ги сликаат билбордите на партиите и ѕиркаат на изборните сметки

Филип Корувин е еден од 17-те набљудувачи на антикорупциска комисија кои се на терен секојдневно. Ги следат рекламите на интернет и на локалните медиуми, ги откриваат и лоцираат партиските изборни штабови, ги сликаат билбордите и на крај прават мапи со точните локации.  Комисијата проверува дали се платени и пријавени од партиите и дали билбордите се ставени на планираните места. Филип е задолжен за Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово.

Ваква проверка и мапирање е новина во изборната работа на антикорупционерите. Комисијата за за првпат има директен секојдневен пристап до банкарските сметки на партиите и на нивните изборни кампањи, веќе почнала да ѕирка во трансакциите иако до утре ќе мора сите банки да го овозможат техничкиот пристап до изборните клиенти.

Приговорите беа основна работа на ДКСК до последните избори, но овие во време на ковид изостанаа на почетокот на изборниот процес. Дури денеска на 8от ден од кампањата примени се трите први приговори за злоупотреби, поднесени од опозицијата.

Во рок од 5 дена комисијата треба да ги разгледа приговорите и да донесе одлука. Досега нема граѓанска пријава дека има злоупотреби на службени државни автомобили или поткуп на гласачи што е веќе испробана можност за граѓанска борба против изборна корупцијата.

Првите три приговори за злоупотреби во изборна кампања денеска стигнаа во антикорупциска комисија. Опозицијата ги поднесе за власта.

Во рок од 5 дена комисијта треба да ги разгледа приговорите и да донесе одлука. Антикорупциската за првпат има директен секојдневен пристап до банкарските сметки на партиите и на нивните изборни кампањи, веќе почнала да ѕирка во трансакциите иако до утре ќе мора сите банки да го овозможат техничкиот пристап до изборните клиенти.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе