Македонија Топ вести

Граничните премини кон Грција отворени, но патници нема

Од копнените граници за влез во Грција од утрово за трансфер на патници и туристи е отворен граничниот премин „Евзони“ но дека ситуацијата е слична како и пред отворањето се гледа по граничниот премин „Богородица“ каде утрово е невообичаено мирно и нема патници и туристи.

Дежурната гранична служба на „Богородица“ информира дека од утрово границата ја поминале на излез од земјава околу дваесетина возила и дека состојбата речиси по ништо, или пак многу малку се разликува од претходната кога грчкиот премин „Евзони“ беше затворен за патнички сообраќај.

На границата нема и туристи од Србија на кои од денеска им е дозволен влез во Грција. Причината не е позната, а се претпоставува дека е страв од корона вирусот или пак непознатите процедури на кои инсистира грчката страна за влез во земјава, електронско пополнување на здравствени формулари, тестирање по случаен избор и означување на локацијата за престој во Грција.

За нашите туристи „Евзони“ останува затворен најмалку до 15 јули, а транспортниот сообраќај се одвива нормално, без прекин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орбан отпатува во Москва, утре ќе се сретне со Путин – Европа во шок, Мишел бесен: Не нè праша

Дејан Дејан

Настов е нов директор на „Свети Наум Охридски“, Мехмедовиќ на Клиниката за физикална медицина – Таравари со кадровски решенија за дел од здравствените установи

Дејан Дејан

Маричиќ, Шаќири и Бајрами остануваат на државна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе