Вести Свет

Оставки на словенечкиот министер за внатрешни работи, Хојс и директорот на полицијата Почивалшек

Словенечката полиција остана без раководство откако оставки поднесоа министерот за внатрешни работи Алеш Хојс и директорот на полицијата Антон Травнер, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Причина за оставката на Хојс е претресот што полицијата го прави во домот на министерот за економија Здравко Почивалшек, за кого има сомнежи дека правел незаконски дејства при набавката на респиратори и заштитна опрема за потребите на словенечките болници.

Оставката која е неотповиклива Хојс веќе му ја испратил на премиерот Јанез Јанша за кого ова е прво повлекување на министер во неговата Влада.
Сега веќе поранешниот министер на социјалните мрежи ја објави оставката во која пишува дека претресот во домот на Почивалшек е незаконски и дека полицијата во некои сегменти е контролирана од, како што ја нарече „удбашко-партиска структура“.

Пред да биде избран за министер за внатрешни работи, во минатото Хојс беше и прв човек на телевизијата Нова24 ТВ, за која опозицијата обвинува дека е финансирани директно со „унгарски пари“ и дека е „партиска телевизија на премиерот Јанез Јанша“.

Инаку, полицијата денес прави претреси во 11 објекти меѓу кои и домот на министерот за економија во обид да се најдат докази за корупција при реализацијата на осум милионскиот тендер за набавка на медицинска опрема

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе