Вести Ковид19

Во Марибор само за еден ден со коронавирусот се заразија седум лекари

Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека само за еден ден, седум лекари од болницата Адолф Дролца во Марибор се заразиле со коронавирусот.

Според директорот на Универзитетскиот Клинички центар во Марибор Војко Флис, тројца од заразените доктори работеле и во клиничкиот центар. Според неговите првични информации вирусот овој пат бил увезен, најверојатно од Црна Гора. Тој ги повика сите оние кои изминативе денови биле во болницата, а развијат симптоми на Ковид-19 веднаш да се јават на лекар.

Дел од словенечките медиуми пишуваат дека лекарите се заразиле на семејна веселба, односно свадба.

Инаку, здравствените власти објавија дека денес во земјата се потврдени 15 нови случаи на коронавирусот. Порaди потешка форма на болеста моментално хоспитализирани се осум пациенти

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе