Свет Топ вести

Терористички напад на берзата во Пакистан, најмалку 10 загинати

Најмалку десет лица загинаа, меѓу кои и четворица терористи, во напад на берзата во Пакистан во пристанишниот град Карачи. Во терористичкиот напад се повредени седум лица, меѓу кои и тројца полицајци. Четворица припадници на обезбедувањето, еден полицаец и еден цивил се меѓу загинатите, изјави за медиумите шефот на регионалната полиција Шариел Харал.

Тој истакна дека „сите четворица терористи се убиени од безбедносните сили“.

Вооружените напаѓачи носеле огромно количество оружје и муниција и се обиделе
да влезат во трговската сала, но биле спречени поради брзата реакција на безбедносните сили, објасни Харал.

Четворица вооружени мажи со автоматски пушки ја нападнале зградата околу 10 часот по локално време. Тие истрелале граната на влезот од берзата кога им се приближиле припадниците на обезбедувањето.

– Тоа беше сериозен напад, но за среќа терористите не успеаја да влезат во главната сала, изјави управниот директор на Пакистанската берза, Фарук Кан.

Тој нагласи дека тргувањето започнало кога напаѓачите упаднале во зградата, но моментно ситуацијата е под контрола.

Според извештаите, повеќе од 1.000 трговци и персонал биле присутни во зградата во моментот на нападот. Бројот на луѓе во зградата бил помал од вообичаено поради пандемијата на коронавирусот.

Одговорнсота за нападот ја презеде Ослободителната армија на Белучистан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

ММФ: Тензиите во светската трговија се закануваат на глобалниот економски раст

Дејан Дејан

„Собранието не ги почитува ни загинатите, ни живите во Кочани!“ – реакција на Општина Кочани што не се одржа комеморативна седница за жртвите во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе