Македонија

12 починати, нови 132 случаи со Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-10, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-7, Тетово-19, Струга-3, Велес-4, Битола-1, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Пробиштип-2, Свети Николе-2, Ресен-1. Починати се 12 пациенти од кои пет од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 112 оздравени  пациенти и тоа од: Скопје-42, Штип-40, Прилеп-1, Тетово-16, Велес-1, Гостивар-5, Кочани-2, Пробиштип-3, Свети Николе-2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст од 56, 69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62-годишна возраст.

Во болницата во Козле почина пациентка од Скопје на возраст од 83 години, која денеска е потврдена позитивна.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6209, бројката на оздравени пациенти е 2427, на починати е 298, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3484. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 3.006, активни 1.986
  • Куманово 750, активни 293
  • Дебар 92, активни 40
  • Штип 332, активни 148
  • Прилеп 257, активни 33
  • Тетово 681, активни 366
  • Струга 218, активни 133
  • Велес 182, активни 37
  • Битола 50, активни 17
  • Охрид 167, активни 143
  • Кавадарци 15, активни 9
  • Гостивар 117, активни 62
  • Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
  • Струмица 15, активни 10
  • Крива Паланка 15, активни 9
  • Радовиш 4,
  • Крушево 6, активни 3
  • Кочани 69, активни 22
  • Пробиштип 17, активни 9
  • Демир Хисар 2, активни 1
  • Македонски Брод 4, активни 2
  • Пехчево 6, активни 3
  • Берово 2,
  • Валандово 6, активни 2
  • Виница 3,
  • Делчево 1,
  • Кратово 4, активни 1
  • Свети Николе 27, активни 23
  • Кичево 30, активни 25
  • Ресен 100, активни 94
  • Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 868 теста се преку: ИЈЗ –660, МАНУ -110, Клиника „Жан Митрев“ – 25, Систина  со PCR метода -73. Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четири пациенти, а вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 417
  • Аеродром – 148
  • Бутел – 134
  • Гази Баба – 158
  • Центар – 131
  • Карпош – 135
  • Сарај – 142
  • Кисела Вода – 106
  • Ѓорче Петров – 101
  • Студеничани – 91
  • Шуто Оризари – 75
  • Арачиново – 53
  • Илинден – 32
  • Петровец – 18
  • Чучер Сандево – 15
  • Сопиште – 12
  • Зелениково-2
  • Странец – 2
  • Нераспределен-157
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе