Свет Топ вести

Бразил веднаш зад САД по бројот на заразени

Во  Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 39.483 новозаболени лица со ковид-19 и 1.141 смртни случаи, соопшти бразилското министерство за здравство.

Со тоа вкупниот број на инфицирани лица се искачи на 1.228.114 лица, со што Бразил  е на второ место зад САД и има двојно повеќе заразени лица од Русија, која е на трето место.

Бразил е на второ место и по бројот на починати од последици од ковид-19.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој од почетокот на пандемијата се сомнева во сериозноста на новиот коронавирус, изјави дека мисли оти е заразен, иако имал негативен тест и најави дека повторно ќе се тестира.

Во длабока економска криза и по карантин од три месеци со голем ризик Бразилците од денеска го преземаат ризикот при користењето на јавниот транспорт и покарј обврзувачките мерки за двајца патници на еден квадратен метар. Патниците велат дека не се чувтвуваат безбедни во возовите и автобусите.

Автобусот од Алворадо доаѓа со веќе исполнет капацитет, а потоа стигнува до следната станица, а уште повеќе луѓе влегуваат. Има станици на кои дури ни вратите не се затвораат, бидејќи има толку многу луѓе.

 

Не се чувствувам сигурно. Изгледа се га гужвата е уште поголема. Патуваме со клима и сите прозорци се затворени, нема шанси да се чувствуваме безбедно, со работите какви што се, никако.

Семејствата на тројца починати работници во фабриката за преработка на месо во американската држава Ајова, кои починаа од ковиод-19 ја тужат „Тајсон фудс“ и раководство, наведувајќи дека компанијата ги ризикувала животите на работниците иако знаеле дека станала жариште на новиот коронавирус.

Тужителите велат дека раководството знаело дека вирусот се шири низ фабриката кон крајот на март или почетокот на април, но криела информации од вработените и јавноста и не применила безбедносни мерки.

Илјадници вработени во фабриките за преработка на месо во САД се инфицирани со новиот коронавирус, а десетици починаа. До сега се тужени неколку фабрики, но против „Тајсон фуд“ првпат е поднесена групна тужба.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе