Социјалдемократите ја почнаа изборната кампања со порака до граѓаните да ги следат, бидејќи имаат намера земјата да ја донесат до Европскиот пат. Слободни и демократски институции, одговорно работење и силна економија се само дел од ветувањата за носителите во 4 и 3 изборна единица, Зоран Заев и Љупчо Николовски.
Лидерот на СДСМ ја почна изборната кампања од Струмица, каде што е ноосител на листата во 4 изборна единица. Побара граѓаните да ги следат и да ги поддржат нивните политики, бидејќи, како што рече, за три години власт ја извадиле земјата на прав пат, којшто води кон НАТо и Европската Унија.
Поддршка побара и Љупчо Николовски, носител на листата на СДСм во 3 и.е. Тој рече дека им е потребен чист мандат за уште поголеми успеси во сите области.
СДСМ најавија безбедна кампања според препорачаните протоколи во услови на пандемија.
Сузана Мицева