Вести Македонија Најважни Топ вести

Во Македонија има 40 кластери на коронавирус

Не се намалува троцифрениуот број на новозаболени од корона вирусот. И денеска нови 182 –ца. Во скопје бројката се зголемува за 107 нови случаи, следува тетово со 23, куманово со 14. Починато се шест пациенти, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Кај тројца од нив ковид 19 е потврден по  смртта. Направени се 1348 теста, нема скрининг во градинките. Бројот ќе расте се додека граѓаните и понатаму не ги кажуваат контактите.

„Свадба Скопје“ „Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „,  „Погреби“ и „Ифтарски вечери“. Овие големи фамилијарни собири причина за 40 активни кластери во земјава, а дури 20 од нив се во Скопје.  Директорката на здравствениот инспекторат Иринка Бухова , вели дека инспекторите се зачудени како полицијата не интервенирала на вакви собири каде што се собираат и до 200 луѓе.

И додека се зголемуваат кластерите и расте болните, граѓаните се уште лажат за адреса на живеење лекарите и инспекторите на терен понатаму од граѓаните кои се позитивни на вирусот даваат лажни податоци, кријат контакти и даваат непостоечки адреси.   Секое вакво прикривање , додава Бухова за две недели бројките на заразени ќе се дуплираат.

Од почеток на пандемијата до сега инспекторите издале  8.000 решенија по основ на контакти, над 3.200 решенија на позитивни за домашно лекување и самоизолација и над 3.500 решенија на луѓе кои додпатувале од странство.

Теодора Цветковскa

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите за кандидати и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе