Вести Економија

Земјоделците стравуваат дека годинава нема да можат да го продадат зеленчукот

Неизвесен е пласманот на македонскиот зеленчук и во следната реколта. Трговците велат дека постои договор за коридор на солидарноста помеѓу Турција и Украина, па наместо македонски, во Украина ќе се увезува турски зеленчук по повластени услови. Ова е особено ризично за продажбата на македонските домати и краставици, чијшто најголем купувач досега беше Украина.

Проблеми какви што настанаа со пролетната зелка не се очекуваат, но, сепак можно е да се создадат вишоци на храна во државата. Земјоделците велат дека се исцрпени финансиски ако се има предвид дека најголем деl од површините беа под зелка, а голем дел од неа остана во нивите.

Освен несигурната продажба на зеленчукот, под прашање е и неговото производство за есенскиот и зимскиот период. Цената на репроматеријалите неколкукратно се зголеми последнава година, што македонското производство го прави скапо и неконкурентно.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе