Вести Македонија Топ тема

Топ Тема – Три клучни прашања за новиот изборен законик – дали ќе има една или повеќе единици, дали ќе има изборен праг и отворени листи

Министерството за правда започна иницијативно со формирање на работна група која ќе работи на изработката на нов изборен законик. Последните измени беа во 2021-та година, изјави министерот за правда, Тупанчевски.

„Она што загрижуваше и натаму загрижува е дека изборниот законик се менува најчесто пред избори. Секогаш се наоѓаме во ситуација дека нешто промптно треба да менуваме.Играта почнала а правилата на играта треба да ги менуваме додека трае играта. Тоа е недозволиво и сепак како сериозна држава треба да покажеме дека овој пат сме подготвени навреме да ја почнеме подготовката на нов изборен законик, кој ќе значи почитување на она е меѓународен, европски стандард, пред се препораките на ОДИХР и ОБСЕ и уште неколку препораки кои треба да се важни.“ – изјави Тупанчевски во вечерашната Топ Тема.

Тој подвлече дека тоа значи дека новиот изборен законик треба да биде усвоен консензуално, доколку е можно и да биде донесен 6 месеци пред одржувањето на наредните избори.

„Идејата е таа работна група да ја води, раководи човек кој нема да биде ниту од Министерството за правда, ниту од некоја политичка партија. Да биде професионалец и до него да има уште еден странски експерт, кој што би му помагал и би бил олеснувач за постигнувањето на целта “ – изјави Тупанчевски, додавајќи дека веќе е разговарано со неколку лица кои би ја имале таа функција.

Аналитичарот Владимир Божиновски изјави дека и покрај најдобрите намери на Министерството за правда, предлогот најверојатно ќе заглави во лавиринтите на политичките партии, кои секогаш пред се го гледаат својот интерес.

„Наједноставно би било една изборна единица. Малите партии одеа на варијанта без изборен праг. Тоа го нема, секаде има изборен праг заради две причини. Атомизација на парламентот доколку го нема и можност за влегување на мали екстремни сили. Она што може да се согласат и тие , доколку се постави на пример мал изборен процент од 2% освоени гласови на излезените гласачи.Тоа е наједноставно остварливо.“ – изјави Божиновски.

„Најважно во моментов е дека треба да се постигне консензус каков ќе биде новиот изборен модел. Не може да се води дијалог ако однапред се утврди дека треба да има една изборна единица.“ – вели Сефер Селими.

Тупанчевски наведе дека три прашања се најважни, како прво дали ќе има една или повеќе изборни единици, додавајќи дека затоа ќе има и работна група. Потоа се поставува прашањето на изборниот праг и како трето дали ќе има отворени листи.

„Јас априори немам став. Дефинитивно треба да го утврди работната група“ – изјави Тупанчевски.

Владимир Божиновски реагираше дека според него главната цел на изборниот законик ќе вреди исто. Каде што еден глас во Скопје ќе вреди како  еден глас во Дојран, Охрид,Струга или Охрид и каде што ќе биде најмал број на таканаречените пропаднати гласови.

Топ Тема – Дебата со министерот за правда, Никола Тупанчевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Топ тема: Талка ли Македонија во расчекор меѓу стратешкото партнерство и стратешката цел?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе