Вести Македонија Топ вести

Цариград се вмеша во јурисдикцијата на СПЦ, коментира српски верски аналитичар

Српскиот експерт за верски прашања Јован Јањиќ смета дека Македонската православна црква не е признаена од Вселенската туку од Цариградската партријаршија која пак е само прва по ранг меѓу православните цркви и дека практично се вмешала во јурисдикцијата на Српската православна црква.

Српскиот експертот за верски прашања д-р Јован Јањиќ по повод соопштението на Вслеленската патријаршија, „укажува дека таканаречената Maкедонска православна црква не е признаена од ‘Вселенската патријаршија’, туку од Цариградската патријаршија, која е само прва по ранг меѓу сите помесни православни црвки во светот“.

Во изјавата за српската новинска агенција Јањиќ нагласува дека со својата одлука Цариградската патријаршија  се вмешала во јурисдикцијата на Српската православна црква со оглед на тоа што таа не ѝ е мајка црква на Охридската архиепископија, поради што, смета Јањиќ, не може да ѝ даде автономија или автокефалност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеникот Аднан Азизи именуван за шеф на изборниот штаб на коалицијата Вреди

Дејан Дејан

Брза пруга со британски пари – откажани се европските за реконструкција

Дејан Дејан

Дивоградбите во Чаир причина за расправа меѓу советниците во Градот Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе