Вести Македонија

Лошите услови и немањето слух од министерството за проблемите, причина зошто младите лекарии ја напуштаат примарната медицина

Капитацијата не е плата, туку средства кои што фондот за здравство ги исплаќа на приватните здравствени установи за да можат да обезбедат комуналии, плати на вработени и останати медицински средства во самата ординација, велат матичните лекари. Во вечерашната Топ Тема на Телма, посочуваат дека младите лекари се помалку сакаат да останат во примарното здравство и избираат различни специјализации бидејќи специјализацијата по семејна медицина во Македонија сѐ уште не функционира како што треба.

Младите лекари не сакаат да останат како матични лекари во ординациите и поради ниските плати кои им се даваат. Третиот проблем кој што е клучен кај младите лекари е дека не сакаат да работат во систем во кој нема правила. Значи буквално во примарното здравство се повеќе и повеќе нема правила на игра. Значи во исто време вие треба и да прегледате пациент, и да примите сега ковид позитивен пациент, и да се јавите на телефон, и да одговорите на вибер порака, и тоа трае 24 часа. Значи буквално нема начин на ограничување до каде е вашето работно време. Одговараме во саботи, одговараме во недели, пишуваме, се допишуваме со пациентите што така не функционира во ниедна европска земја, тврди д-р Драган Ѓорѓиевски.

Матичните лекари посочуваат дека сегашниот систем на бодување, во практика ги казнува лекарите кои имаат повеќе пациенти и кои реално повеќе работат.

Ако амбулантата работи многу и постигне да има повеќе пациенти, над 2.500 бодови, по пресметките на фондот, вие ќе добиете помалку капитација дури и од 63 денари, односно ќе ви бидат исплатени 44 денари по бод од пациент, што значи вие работите повеќе а добивате помалку. Мојата амбуланта е една од поголемите, јас морам да сработам отприлика од 1.500 до 2.000 картони дополнителни за да можам да вработам нов тим. Затоа што кога сакате да вработите нов тим во работната единица вие треба да обезбедите услови, односно пари за да можете да ги платите сестрата и докторот кој што ќе ги вработите. И тоа не се само трошоците за плати и придонеси, сега вие имате два тима, ви треба поголем работен простор, или плаќате кирија или имате свој простор во кој трошоците ви се големи, смета д-р Анкица Станоевска.

Тие потсетуваат дека порано, на самиот почеток на имплементацијата на овој систем, капитацијата каснела и 6 месеци, период во кој тие морале да вложуваат 6 месеци во лекување на матичните пациенти. Велат дека сега доцнењето на капитацијата е намалено на само 2 до 3 месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе